Пријавување на фотографии од вас кои што се објавени од други профили на Facebook
За да се објават фотографии на други лица на страни како што е Facebook, потребна
е доброволна,изречна и информирана согласност (со одредени исклучоци). Доколку некој
објави фотографија од вас, без ваша согласност, најпрво треба да го контактирате
и да им укажете да ја отстранат таа фотографија од нивниот албум со фотографии.
Доколку не се согласат да го направат тоа, можете да ја пријавите фотографијата
директно до Facebook користејќи го следниот
формулар
Формуларот треба да биде пополнет детално и точно. Внимавајте на следното:
- Кога ќе ви биде побарано да ја внесете УРЛ адресата, внесете ја УРЛ адресата директно
од фотографијата.
- Тоа може да го направите со десен клик на фотографијата. Одберете „Properties"
(Својства) од содржинското мени на Инернет Ескплорер (Internet Explorer) и ископирајте
го она што е впишано во полето„ Address: (URL)"(УРЛ адреса). На пребарувачот Фајерфокс
(Firefox) може да одберете„ Show picture info" (Информации за фотографијата) истотака
со десен клик на менито и да го ископирате она што е во полето „Address"(Адреса).
Останатите пребарувачи имаат слични перформанси во полињата.
- Истотака, додека вашите приговори се разгледуваат и се преземаат акции вие нема
да добиете потврден емаил.
- Кога формуларот ќе биде пополнет, едноставно кликнете „Испрати“ ( "Send" ), за
да го испратите приговорот до Facebook. Мора да пратите посебен приговор за секоја
слика.
Повеќе информации и останати прашања во врска со Facebook, можат да бидат најдени
на Facebook.