Оваа веб страна користи cookies. Со понатамошно користење на оваа веб страна, вие се согласувате со нашата политика за cookies

Затвори
Како да бидеме сигурни дека самите нема да си наштетиме
Да не се злоупотреби интернетот за правење прекршок спрема други лица изгледа лесно, меѓутоа некогаш може да направите прекшок ненамерно. Со цел ова да се спречи, бидете сигурни дека ги познавате уверувањата на луѓето околу вас. Она што изгледа правилно за вас, можеби е неправилно за останатите. Затоа прашајте ги луѓето чија што слика ставате или за кого пишувате дали би им пречело, пред да го направите тоа. Исто така, внимавајте тоа што ќе го напишете/објавите да не е на некој начин навредливо. Запомнете, некои од тие дејствија се казниви со закон!

Можеби и ќе објавите нешто онлајн кое би можело да ве повреди, како што се објавување на постови или фотографии за кои што подоцна може и да зажалите. Затоа секогаш размислете двапати пред да објавите нешто на социјалните мрежи.

Доколку сте уредник

Размислете што објавувате на интернет, за вас но и за останатите. Вие сте одговорни за објавата, дали таа ја има потребната согласност. Сите весници имаат уредник кој што внимава на пишаниот текст или објавената фотографија онлајн. Доколку изнесувате лаги, невистини, навреди, нелегални фотографии или расистички објави, може да се направи голема штета а вие да се соочите дури и со затворски казни.

Весниците исто така имаат воведено сет на правила со етички водич, по кој се водат уредниците и новинарите и е наречен „Етички Код“. Целта е весниците да можат да ја заштитат приватноста на луѓето и да се придржуваат кон етичките принципи додека објавуваат информации.

Постерот може да го најдете овде.

Исто како што уредникот во весник е одговорен за се што е објавено во весникот, вие имате одговорност за се она што го објавувате онлајн. Поради тоа, бидете сигурни вашите објави да содржат информации за вас без да вклучуваат други луѓе. Истото се однесува и за фотографиите, но из а вашите објави на блоговите или останатите веб-страни. Она што за вас претставува шега, некој друг може да го протолкува како навреда. Затоа, размислувајте пред да кликнете „Ентер“.

Истотака види Delete МЕ од медиуми.

Истотака види Кој ја објави информацијата.

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

Контакт     info@deleteme.mk     + 389 2 3230 635     бул. Гоце Делчев 18, 1000 Скопје