Оваа веб страна користи cookies. Со понатамошно користење на оваа веб страна, вие се согласувате со нашата политика за cookies

Затвори
Хакиран Facebook профил
Како да постапите доколку вашиот Facebook профил е хакиран од натрапници.

Доколку вашиот профил на Facebook е хакиран, најпрво мора да потврдите дека вие сте вистинскиот сопственик на тој профил. Доказот најчесто е со доставување на копија од важечка лична карта, важечка возачка дозвола, кредитна картичка или пасош. Доколку вашиот профил е хакиран кликнете овде.

Следете ја постапката чекор по чекор. Пополнете го формуларот со што е можно подетални и точни информации. Тешко е да се предвиди за колку долго Facebook ке одговори на вашето барање, но со оглед на бројот на корисници кој надминува бројка од над билион, Facebook добива многу барања секојдневно.

Можно е одбивање на вашето барање доколку Facebook одлучи дека не сте докажале дека сте тој за кој што тврдите дека сте.

Причината за хакирање лежи во фактот што најчесто луѓето се однесуваат невнимателно со лозинките и кликаат на небезбедни линкови. Затоа, важно е да бидете внимателни со вашите лозинки и да ги обезбедите добро вашите профили. Во врска со добро обезбедување на вашите лозинки кликнете тука

Повеќе информации и останати прашања во врска со Facebook, можат да бидат најдени на Facebook.
Поврзани артикли
Хакиран Facebook профил
Симнување на вашите Facebook податоци
Пријавување на Facebook фотографии
Пријава на лажни профили на Facebook
За бришење на починати лица на Facebook
За бришење на фотографии од Facebook
Бришење на стари Facebook профили
Избегнете автоматско тагнување на Facebook
Да пријавите Facebook група/страна

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

Контакт     info@deleteme.mk     + 389 2 3230 635     бул. Гоце Делчев 18, 1000 Скопје