Оваа веб страна користи cookies. Со понатамошно користење на оваа веб страна, вие се согласувате со нашата политика за cookies

Затвори
Симнување на вашите Facebook податоци
Содржината која што ја споделувате и објавувате на Facebook може лесно да биде симната и снимена во компресирана датотека.

Истотака, може да добиете копија од вашите лични податоци, фотографии и останато од се она што сте го споделиле на Facebook. Копија може да направите доколку сакате да се избрише или деактивира профил, или доколку сакате да имате резервна копија на сите фотографии што ги имате објавено.

За да ги заштитите податоците, најпрво треба да ја внесете лозинката, за Facebook да може да потврди дека корисничкиот профил од каде сакате да ги симнете податоците е навистина ваш.

Прочитајте повеќе за тоа како да симнете копија од вашите податоци.

На крајот од оваа страна може да најдете директен линк до страната за симнување.

Внимание : Заштитете ја и вашата архива

Facebook архивата содржи чувствителни информации, како што се вашите приватни објави, фотографии и информации во врска со вашиот профил. Бидете запознаени пред да ја снимите вашата датотека од архивата или да ја предадете на некој друг.

Датотеката се симнува во формат зип-датотека и ќе го содржи името „Facebook(број)“. Побарајте во папката за симнати датотеки. Доколку имате многу пораки, објави и фотографии, ќе треба повеќе време пред датотеката да биде симната и спремна за користење. Кога Facebook ќе заврши со тој процес ќе добиете емаил со линк за симнување.

Откако ќе ја симнете датотеката ќе забележите различни папки скои содржат фотографии, видеа, пораки итн. Повеќе информации за симнатата датотека може да најдете овде.

Повеќе информации и останати прашања во врска со Facebook, можат да бидат најдени на Facebook.
Поврзани артикли
Хакиран Facebook профил
Симнување на вашите Facebook податоци
Пријавување на Facebook фотографии
Пријава на лажни профили на Facebook
За бришење на починати лица на Facebook
За бришење на фотографии од Facebook
Бришење на стари Facebook профили
Избегнете автоматско тагнување на Facebook
Да пријавите Facebook група/страна

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

Контакт     info@deleteme.mk     + 389 2 3230 635     бул. Гоце Делчев 18, 1000 Скопје