Оваа веб страна користи cookies. Со понатамошно користење на оваа веб страна, вие се согласувате со нашата политика за cookies

Затвори
За бришење на починати лица на Facebook
Компанијата Facebook има различно уредување кога се работи за починати лица и нивни профили.

Овековечени профили

Овековечените профили се место за пријателите и семејството да споделуваат моменти откако едно лице починало. Овие профили ги имаат следните поставки:

  •  Зборот: Запаметен/Запаметена ќе се појави веднаш до името на починатото лице на неговиот профил
  •  Зависно од поставките за приватност на профилот, пријателите ќе можат да ги споделат моментите на овој овековечен профил
  •  Содржината која што лицето ја споделувала (фотографии, објави) ќе останат на Facebook профилот и ќе бидат достапни за гледање со корисниците со кои е споделено
  •  Овековечените профили не излегуваат во јавноста како сугестии за Луѓе кои што ги познавате, реклами или како потсетник за роденден
  •  Никој не може да се вклучи преку овековечениот профил
  •  Овековечените профили кои немаат наследен контат не може да се променат
  •  Група со администратор чиј што профил е овековечен ќе може да одбере нов администратор
  •  Страните со единствен администратор чиј што профил е овековечен ќе може да се избрише од Facebook доколку е добиена важечка пријава

Бришење на вашиот профил

Може да одберете вашиот профил да биде трајно отстранет откако ќе починете. За да го направите тоа треба:
  • 1. Кликнете и селектирајте Поставки (Settings) на горниот десен клик на Facebook
  • 2. На менито од лева страна кликнете Безбедност (Security)
  • 3. Кликнете наследен контакт (Legacy Contact)
  • 4. Кликнете трајно бришење на вашиот профил и следете ги инструкциите на екранот


За пријатели и семејство

За лажни профили

Следете ги инструкциите на следната страна: https://www.facebook.com/help/167722253287296

Доколку сакате да основате дополнителен простор за луѓето на Facebook да можат да споделуваат моменти на сеќавање со вашите најблиски, може да основате група.

Прочитајте како да поднесете барање за овековечен профил или како да поднесете барање за бришење на прoфил на починато лице на Facebook.

https://www.facebook.com/help/contact/228813257197480

Мора да поднесете докази дека лицето е починато, како и документ врз основа на кој може да се увиди вашата врска со починатото лице. Профилот ќе биде целосно избришан од системот на Facebook.

Не е потребно да се логирате за да добиете пристап до формуларите, но мора да обезбедите точен линк од профилот. Доколку вие не сте член на Facebook или имате други проблеми со пополнување на формуларот може да побарате помош од познаници.

Вреди да се напомени дека условите за користење на Facebook и понатаму ќе ви бидат достапни и ќе ви овозможуваат право на користење на информациите од профилот иако профилот е „замрзнат“. За да го избегнете тоа, единствено решение е профилот да биде целосно избришан.

Доколку ви треба помош со оваа содржина слободно може да ја контактирате директно страната DeleteMe.mk

Повеќе информации и останати прашања во врска со Facebook, можат да бидат најдени на Facebook.

To delete photos from Facebook
Поврзани артикли
Хакиран Facebook профил
Симнување на вашите Facebook податоци
Пријавување на Facebook фотографии
Пријава на лажни профили на Facebook
За бришење на починати лица на Facebook
За бришење на фотографии од Facebook
Бришење на стари Facebook профили
Избегнете автоматско тагнување на Facebook
Да пријавите Facebook група/страна

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

Контакт     info@deleteme.mk     + 389 2 3230 635     бул. Гоце Делчев 18, 1000 Скопје