Информации за сервисот
DeleteMe.mk е сервис овозможен од Дирекцијата за заштита на личните податоци на Република Македонија. Целта на овој сервис е да им помогне на луѓето во различните искуства на прекршување на приватноста онлајн.

DeleteMe.mk нуди насоки и совети на луѓе од сите возрасти кои што ќе најдат навредливи содржини за нив објавени на интернет. Под навредливи содржини може да спаѓаат слики објавени без одобрување, лажни профили на различни интернет страни и сервиси, неточни лични податоци или вознемирување.

Истотака, оние луѓе кои што имаат веќе објавени податоци за нив, самите, но жалат за тоа и би сакале овие информации да бидат отстранети, можат да побараат поддршка и да се обратат до сервисот DeleteMe.mk.

Сепак, сервисот не е наменет да бара било што да биде отстрането од интернет. Сервисот е наменет да дава совети и насоки за тоа како да се однесувате доколку сакате информациите за вас кои што се објавени на интернет да бидат отстранети или избришани. Поддршката се нуди преку веб- страна, телефон, емаил или формуларот за контакт. Работни часови на овој сервис се од Понеделник до Петок, од 09.00 часот до 16.00 часот.

Сервисот почна со работа во Февруари 2016 година како дел од проектот „Продолжување на поддршката за зајакнување на капацитетите за заштита на личните податоци.“ поддржана од Норвешкиот Орган за заштита на личните податоци.Datatylsynet



CONTACT US

Contact     info@deleteme.mk     + 389 2 3230 635     bul. Goce Delcev 18, 1000 Skopje