Оваа веб страна користи cookies. Со понатамошно користење на оваа веб страна, вие се согласувате со нашата политика за cookies

Затвори
За правата на децата
Фотографии на децата објавени на интернет

Забрането е да се објавуваат фотографии на интернет од возрасни без нивна согласност. Но, што со децата ? Дали на родители им е дозволено да објавуваат што сакаат од нивните деца ? Одговорот е НЕ! Откако детето ќе наполни 7 години, родителите треба да почитуваат што детето ќе каже пред да стават негова фотографија. Тие треба да обрнат внимание и да ги почитуваат верувањата и зрелоста кои детето ги има.

• • Кога детето ќе наполни 7 години, има право да каже свое мислење за објавувањето.
• • Кога детето ќе наполни 12 години, родителите треба да стават акцент на верувањето на детето.
• • Кога детето ќе наполни 15 години, сам може да одлучи дали ќе биде објавена негова/нејзина фотографија на интернет.

Годините не се клучни

Не треба да се смета дека овие годишни граници се апсолутни. Годините не се она што е клучно, туку верувањата на детето.

Кој може да даде согласност за детето?

Доколку родителската одговорност е заедничка, доволно е едниот родител да даде согласност за објавените онлајн фотографии на детето. Доколку родителската одговорност е единствено на едедн од родителите, тогаш тој/таа има одговорност за согласноста на објавените фотографии од детето кои ќе се појават на интернет.

Интересот на детето е најважен!

Без разлика кој има легално право за согласност во име на детето, тој/таа според Конвенцијата е должен да превземе основни чекори за доброто на детето. Доколку родителите не се сигурни дали некоја фотографија може да се објави или не, тие не треба да се двоумат во одлуката на нивното дете. Многу е важно да се утврди дека детето има свое право на одлучување.

КОНТАКТИРАЈТЕ НЕ

Контакт     info@deleteme.mk     + 389 2 3230 635     бул. Гоце Делчев 18, 1000 Скопје